Добредојдoвте во Амако Нет!
Информации
Amaco Net е успешна, динамичка и брзорастечка компанија за дистрибуција на IT компоненти во Скопје, Македонија. Портфолиото на производи се состои од ИТ производи - цели системи, составни делови, периферни уреди и електроника, кои обезбедени од страна на светски познати производители.
Од нашето основање во јуни 2007 година, се имаме стекнато со огромна репутација и го држиме најголемиот дел од IT пазарот во Македонија.
Сегашност
Amaco Net е фокусиран 100% на ИТ дистрибуција и во своето постоње има постигнато голем успех. Овој успех е базиран на нашата посветеност, нашите политики и планови, по нив успеавме да изградиме силна мрежа за дистрибуција и да го превземеме најголемиот дел од пазарот во Македонија. Со нудење на посебни поволности на додадена вредност за нашите партнери, имаме акумулирано голем број на лојални партнери кои ни ја зајакнаа својата позиција на пазарот на ИТ.
Amaco Net континуирано инвестира во својата организациона инфраструктура со цел планирано да се обезбеди нејзиниот раст. Поголемиот дел од добивката се реинвестира во финансирањето за понатамошен раст. Поради нашата политика за реинвестиции и грижа за корисници,нашата компанија е флексибилна и е секогаш подготвена да се соочи со предизвиците на променливиот пазар.
Иднина
Наша основна цел е понатамошно проширување на дистрибутивната мрежа и производите кои се нудат, за да престигне конкуренцијата во секој дел од регионот, како и зајакнување на нашата позиција како неприкосновен дистрибутер на ИТ опрема во регионот.
Дистрибуција
Дистрибуцијата во Amaco Net е организирана на партнерската мрежа на "под-дистрибутери" . Имаме мрежа на повеќе од 200 активни директни партнери, кои понатаму имаат под-дистрибутери или продажни локации . Нашите партнери имаат посебни бенефиции како што се: заштита на цените, достава од врата до врата , висок квалитет на услуги и сл.
Amaco Net има за цел да го покрие целиот спектар на услуги за дистрибуција, од увоз,транспорт и сервисирање на опремата, маркетинг и развој на брендовите, со посебен фокус на создавање на професионална мрежа за дистрибуција преку обезбедување на предности и придобивки на локалните партнери.
Менаџмент
Amaco Net гради цврста политика за управување со брендовите. Политиката на компанијата е да не се мешаат премногу продавачи.
Вработени и локација
Amaco Net моментално вработува 27 високопрофесионални луѓе и е лоцирана во градба која што се состои од 280m2 канцеларии, како и 1360m2 магацински простор, кој што има одлична локација во Скопје, 1 километар од главниот логистички ценатар и 20 километри од Скопскиот аеродром, како и новоотворениот модерен сервисен центар во центарот на Скопје.